Германците ги отворија картите: Државата ќе ги спречи Кинезите да го преземат Мерцедес

249

Преземањето на Мерцедес од кинески инвеститори ќе биде спречено доколку е потребно, смета премиерот на Баден-Виртемберг, германската покраина Винфрид Кречман. Седиштето на производителот на автомобили се наоѓа во Баден-Виртемберг.

“Воопшто не би го дозволиле тоа“, изјави овој политичар и член на Зелените, мислејќи на Законот за надворешна трговија и платен промет.

Доколку странски инвеститор со седиште надвор од ЕУ преземе контрола врз германска компанија, сојузната влада има право на вето под одредени услови.

Силниот удел на два големи кинески инвеститори во сопственоста на Мерцедес веќе предизвика стравувања во минатото.

Речиси една петтина од компанијата со седиште во Штутгарт е веќе во кинески раце.

Кинескиот партнер BAIC е најголемиот поединечен акционер во овој производител на автомобили со удел од 9,98%. Во исто време, кинескиот инвеститор Ли Шуфу држи 9,69 отсто од Мерцедес. Исто така, државниот фонд на Кувајт поседува блок акции со 6,84%.

Шефот на Mercedes-Benz, Ола Калениус, рече дека имаат многу добри и силни односи со кинеските инвеститори и додаде дека Кина е најважниот светски пазар за продажба на автомобилите на Мерцедес.

„Кина порасна повеќе од речиси кој било друг пазар во последниве години“, рече Калениус.