Германците ќе произведат 700.000 возила помалку, VW најмногу погоден

127

Германските производители на автомобили се соочуваат со проблеми во испораката на делови, поради што годинава ќе произведат околу 700.000 автомобили помалку од планираното на почетокот на годината.

Магазинот Automobilvohe, повикувајќи се на податоците на компанијата IHS Markit, истакнува дека особено бил погоден производителот Volkswagen, кој годинава ќе произведе половина милион возила помалку.

Експертите не очекуваат наскоро закрепнување во автомобилската индустрија.