Германците “навалија“ на електрични греалки

88

Германците би можеле да ја преоптоварат електричната мрежа бидејќи се префрлаат на неефикасни електрични грејачи во обид да избегнат недостиг на гас оваа зима, предупредија комуналните претпријатија.

Германците купиле 600.000 електрични уреди за греење во текот на првата половина од годината, што е речиси 35 отсто повеќе од претходната година, според пазарниот истражувач GfK.

Генералниот директор на германското здружение на компании за енергија и вода BDEW, Керстин Андреае за весникот Handelsblatt изјави дека корисниците може да останат со уште повисоки сметки за струја доколку не ги користат уредите штедливо.

„И тие можат да ја преоптоварат електричната мрежа, на пример, кога многу домаќинства ги вклучуваат електричните грејачи во еден дел од градот во исто време во студена зимска ноќ“, рече Андреа.

Таа рече дека ги разбира стравувањата на луѓето од студените домови, но некои од овие одлуки „би можеле да се вратат како бумеранг“.

Германија, заедно со другите земји од Европската унија (ЕУ), се обидува да ги поддржи домовите и индустриите оптоварени со дополнителното зголемување на цените на енергијата, откако Русија ги запре испораките на гасоводот Северен тек 1, пренесува Бизнис.рс.

Се верува дека дури и со „многу високи“ цени на гасот, електричните греалки сепак , би ги чинеле корисниците повеќе од централното греење на гас, што е најчестиот облик на греење на станови во земјата.