Германците не паметат ваква инфлација во последните 50 години

87

Стапката на инфлација во Германија во мај изнесувала 7,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави денеска германскиот завод за статистика.

Трет месец по ред стапката на инфлација во најголемата европска економија е над седум проценти.

Од април до мај инфлацијата скокна за 0,9 отсто.

Слично високо ниво имаше и зимата 1973/1974 година. година, кога цената на нафтените деривати, поради нафтената криза, драстично порасна. Слична е состојбата и денеска кога поскапувањето на енергенсите доведе до пораст на цените на речиси сите останати производи и услуги.