
Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KBA) известува дека во мај 2026 година се регистрирани 239.448 патнички автомобили, што е зголемување од 0,1 процент во споредба со истиот месец минатата година.
Но, важни се и некои други бројки. Имено, продадени се дури 59.969 патнички автомобили со електричен погон. Ова претставува зголемување од 39,3 проценти во споредба со истиот месец од претходната година. Уделот на електричните автомобили на пазарот во мај изнесувал 25,0 проценти. За споредба, 95.466 нови автомобили имале хибриден погон, удел од 39,9 проценти (+3,6%), вклучувајќи 27.921 plug-in хибриди (+10,9%/11,7%). Потоа, 51.806 нови автомобили биле опремени со бензински мотор (-23,7%/21,6%). Регистрирани се 30.547 дизел автомобили, што е намалување од 13,0 проценти во споредба со истиот месец од претходната година. Нивниот удел беше 12,8 проценти.
Драматичниот раст на продажбата на електрични автомобили може да се објасни со војната на Блискиот Исток и порастот на цените на нафтата, како и државните субвенции за купување електрични автомобили што одат до 6.000 евра. Брендови како Фолксваген, Тесла, Шкода, БИД… генерираат раст на продажбата на електрични возила.











