Германците расположени за трошење, но сепак внимателни

37

Олабавување на епидемиолошките мерки ја зголеми подготвеноста на Германците да трошат, покажува анализата на Здружението на приватни банки.

Според податоците, 53% од Германците сакаат да ги зачуваат и заштедат парите за да купуваат подоцна. Оваа пролет околу 50% од испитанициtе рекле дека ќе штедат за да имаат повеќе за купување.

Попуштање на мерките ја поттикна подготвеноста за потрошувачка во Германија, но уште има рестрикции кога станува збор за патувања, пред сè за далечни дестинации, па поради тоа повеќе се штеди.

Но, мотивите за штедење како што е чување пари на страна за стари денови или купување стан во овој момент се во втор план поради потребата да се надомести сè она што не можело да се купи додека трае рестриктивните мерки.

Фото: Pixabay