Германците треба да чекаат и до една година за своите нови автомобили

83

Германците мора да чекаат до една година за своите нови автомобили, главно поради недостигот на полупроводници, велат аналитичари на пазарот за „ДПА“.

„Во зависност од марката и моделот, времето на испорака се стабилизира меѓу три и шест месеци за повеќето автомобили“, рече Маркус Велер, маркетинг аналитичар во Германското здружение за автомобилска индустрија.

Чекањето за премиум модели може да трае до девет месеци, па дури и една година, додаде тој. Производителите го намалуваат производството како резултат на недостиг на клучни компоненти.

Штефан Риндл, раководител на институтот за автомобилски сектор во Гајслинген, предвидува дека недостигот ќе продолжи и следната година, а може дури и да се влоши, со тоа што повеќе нема да нуди попусти на официјалната цена на каталогот, а ќе се зголемат и цените на половните автомобили.

„Достапноста во автосалоните нагло паѓа“, вели Велер. Кога во минатото клиентите не го гледаа својот модел кај дилерот, тој обично може да се нарача од производителот, но сега е попроблематично, рече тој.

Компаниите како Volkswagen и големите добавувачи како Continental формираа работни групи за деноноќно да ги проучуваат светските пазари, особено за микрочипови, рече тој.

Залихите на полуготови автомобили се акумулираат во некои производствени погони, а некои производители ги ставаат возилата на продажба без нарачаните додатоци, ветувајќи дека ќе ги обезбедат кога ќе станат достапни.

Целиот сектор во Германија постојано известуваше за сопирање, а персоналот кој работеше во производство беше испраќан дома со недели.

Производителите се фокусираат на поскапи модели со повисоки маржи, а доказ за тоа е стабилниот профит.