Германија: 13 милиони граѓани во опасност од сиромаштија минатата година

97

Околу 13 милиони луѓе во Германија минатата година биле во опасност од сиромаштија, објави Заводот за статистика.

Тоа е 15,8 отсто од вкупното население, а една година претходно тој процент изнесувал 16,1.

Лицето за кое се вели дека е во ризик од сиромаштија има помалку од 60 проценти од просечниот приход на населението.

Лани нето годишно изнесувало 15.009 евра за едно лице, а 31.520 евра нето за семејство со две деца до 14 години, пренесува „Билд“.

Најзагрозени од сиромаштијата биле невработените (47 отсто), но меѓу вработените имало и 8,6 отсто на кои им се заканува сиромаштија.

Според статистичките податоци, процентот на пензионери во ризик од сиромаштија е 19,3 отсто.

Со сегашниот бран на поскапувања, ситуацијата во Германија се влошува, а стравот од сиромаштија продолжува да расте.