
Германија ја зголеми квотата на работници како дел од правилата за Западен Балкан, па од јуни 2024 година квотата беше двојно зголемена од 25.000 работници годишно на 50.000 работници.
Според новите, изменети правила, работниците ќе можат да доаѓаат во Германија без потреба да покажат дипломи, но останува сегашниот услов за да добијат виза да покажат договор за работа со германска компанија.
Преку оваа програма, дури и нискоквалификувани работници можат да се вработат во Германија, особено во индустриите кои се особено погодени од недостигот на работници во Германија, кој најмногу се однесува на градежништвото, угостителството, сортирањето пратки и слични активности, објави Независне новине.
Иако ова е добра вест за неквалификуваните работници, кои сакаат да одат во Германија преку правилата за Западен Балкан, и квалификуваната работна сила, кои сакаат да одат на работа во Германија во согласност со новиот закон за вработување на квалификувана работна сила, како и за Германски работодавци, ова е лоша вест за економиите од регионот на Западен Балкан, бидејќи може да доведе до дополнително иселување.
Само преку регулативата за Западен Балкан, до 200.000 работници можат да го напуштат регионот во следните четири години. За да се спречи тоа, би било неопходно домашните политички елити да иницираат реформски процеси и да ги активираат средствата од Планот за раст за Западен Балкан, кој предвидува помош за носење странски инвеститори во БиХ и другите земји од регионот. И тоа би била добра вест за Германија бидејќи, наместо да им плаќаат на работниците од 2.000 до 3.000 евра месечно во Германија, тие би можеле да го сторат тоа за помалку пари во нивните матични земји.
Освен оваа посебна регулатива за Западен Балкан, отсега ќе се олесни доаѓањето на квалификувана работна сила во Германија, а новите правила им овозможуваат на работниците да бараат работа во Германија до една година.
Ненси Фесер, министерката за внатрешни работи на Германија, неодамна за време на дискусијата во Бундестагот во врска со сетот закони кои треба да ја олеснат имиграцијата во Германија изјави дека тие се мерки за ублажување на кризата предизвикана од недостигот на работна сила во Германија. Како дел од оваа програма, луѓето можат да аплицираат за „карта- шанса“ доколку зборуваат германски и имаат најмалку двегодишно стручно училиште во Германија или најмалку тригодишно средно образование во нивната земја на потекло.











