Германија: До 200 милијарди евра ќе одат во нов „одбранбен штит“ за заштита на потрошувачите и бизнисите

45

До 200 милијарди евра ќе одат во нов „одбранбен штит“ за заштита на потрошувачите и бизнисите од постојано зголемување на цените на енергијата, одлучи германската влада. „Цените мора да се намалат“, рече канцеларот Олаф Шолц на прес-конференција во четвртокот.

Владата ќе направи се за тоа, појасни тој, за да можат пензионерите, семејствата, занаетчиите и индустријата да си ги платат сметките. Во исто време, претходно планираната давачка за гас отпаѓа.

Канцеларот ја опиша планираната државна поддршка во снабдувањето со енергија и ограничувањето на цените на бензинот како „двоен бум“. Така тој потсети на зборовите од пандемската криза, кога изјави дека благодарение на државната помош, ќе излезе од неа со „ бум.“ Заклучокот е дека цените на изворите на енергија се намалуваат брзо и за секого.

Русија, повтори Шолц, ги користи своите енергетски резерви како оружје. Дека гасот од Русија веќе нема да биде достапен е јасно по оштетувањето на гасоводот на Балтичкото Море минатиот викенд, но секако и претходно.