Германија е сè поблиску до 100% складиран гас, во Австрија нема дизел на пумпите

106

Во Германија капацитетот за складирање на гас веќе достигна 90 отсто, покажуваат податоците на Европската платформа за складирање гас (Агси).

Според тие податоци, точната пополнетост на магацините во Германија е 90,7 отсто, а до ноември, според регулативата, треба да биде 95 отсто.

Со гасот од складиштето, Германија се надева дека ќе ја помине зимата дури и во случај на прекин на испораката на рускиот гас.

Во моментов, Германија добива гас од и од Норвешка и Холандија.

Кон крајот на годината треба да бидат пуштени во употреба два терминали за прием на течен нафтен гас.

Во Австрија гориво од националните резерви
Министерката за енергетика на Австрија Леоноре Гевеслер повторно донесе одлука за ослободување на 60.000 тони дизел од националните резерви, за да се обезбеди снабдување со тој енергенс.

Како што соопштија од нејзиниот кабинет, соодветниот предлог е испратен до собранието откако е постигнат договор со ОМВ и останатиот дел од нафтената индустрија.

Последниве денови на бензинските пумпи низ земјава сè почесто можеше да се види пораката дека веќе нема дизел.

Со пуштање во оптек нови количества дизел треба да се обезбеди снабдување во Австрија додека повторно не почне со работа рафинеријата ОМВ во Швехат.

Имено, од јуни, кога се случи инцидентот во рафинеријата, односно во главната фабрика за дестилација на нафта, оваа главна рафинерија работи само со петтина од својот капацитет, пишува Телеграф.

Се очекува да биде повторно во целосна функција во октомври. Во текот на летото, Министерството во два наврати пуштило во оптек гориво од националните резерви.

Прво, на 4 јуни кога беа одобрени во оптек 112.000 тони дизел и 56.000 тони бензин, а на 12 јули беа одобрени 100.000 тони дизел и 45.000 полупроизводи горива. Во Австрија, вадењето гориво од националните резерви мора да биде одобрено од парламентот.

Само доколку предлогот на Министерството добие двотретинско мнозинство во парламентот, можно е да се ослободат одредени количини од резервите.

Од Министерството најавуваат дека веднаш штом повторно почне со работа рафинеријата во Швехат, ќе започне ново полнење на националните резерви кои се наменети само за вонредни случаи.