Германија е сè поблиску до радикално ограничување на брзината во градовите

38

Иницијативата за ограничување на брзината во центрите на градовите на 30 км/ч, која беше кооснована од градовите Аугсбург, Улм и Фрајбург, наоѓа сè повеќе поддржувачи во Германија. Просечно по една општина е вклучена во проектот секој работен ден, објави иницијативата „Градови за живеење“, а пренесува Зидојче цајтунг.

Вкупно, повеќе од 350 градови, општини и области се приклучија. Општините сакаат сами да одлучат кои брзини се дозволени на места.

Тие се жалат дека досега Федералното министерство за транспорт во Берлин немало волја сериозно да се справи со овие проблеми. Според здружението, тоа треба да се промени годинава со поголем притисок од јавноста.

Неодамна, Федералната агенција за животна средина препорача воведување на ограничување на брзината од 30 km/h низ цела Германија, односно во центрите на градовите и населбите.

Идејата е да се намали бучавата и загадувањето на животната средина.