
Податоците објавени од Европскиот статистички центар покажуваат дека Германија за прв пат од 2018 година увезла голема пратка нафта од Иран,пренесува СееБиз.
Последните статистички податоци што ги објави „Евростат“ покажуваат дека Германија на почетокот на оваа година, во март, увезла товар од близу 70.000 тони сурова нафта или нафтени деривати од Иран.
Увозот на оваа количина иранска нафта од европска земја доаѓа и покрај тоа што американската влада и Европската унија не направија никакви промени во санкциите против Иран, наведува иранската агенција.
Бугарија, како втора членка на Европската унија, увезла 147 тони сурова нафта или нафтени деривати од Иран во првиот квартал од оваа година, соопшти Данас.











