Германија и Европа не се конкурентни без рускиот гас

85

Германија и Европа повеќе не се конкурентни без рускиот гас, изјави поранешната министерка за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсел. Таа со авторски напис во рускиот весник „Ведомости“ уште еднаш предизвика бура во австриската јавност со својот проруски став.

Таа предвидува тешка ситуација за европската индустрија без руски гас.

„Германија и Европа повеќе не се конкурентни без рускиот гас. „Владимир Путин им понуди на европските земји „бесплатно снабдување со гас“, под услов странските компании да се населат во Русија“, тврди таа во својот текст.

Ова, смета  е особено интересно за средните компании, без оглед на санкциите.

Според австриските медиуми, Кнајсел до мај била во Надзорниот одбор на Роснефт, а таа позиција морала да ја напушти поради огромниот притисок од Западот.

Поради големиот притисок на кој била изложена во Австрија поради нејзиниот однос кон Русија, а познато е дека Владимир Путин лично дошол во Австрија на нејзината свадба кога била министерка, таа, како што тврди, била принудена да се пресели во Либан.

Во август, таа го привлече вниманието на јавноста со објавување на карикатура на Твитер на која се прикажува делегацијата на ЕУ како „сиромашен граѓанин“ како го моли Путин во 2023 година за помош.