Германија има најмалку работни часови во изминатите 30 години

20

Во Германија во текот на минатата година поради пандемијата е забележан најмал број на работни часови од обединување на земјата, соопшти Сојузната агенција за труд.

“Просечниот годишен работен учинок по вработен во 2020 година е намален за повеќе од 50 часа“, вели Енцо Вебер од Институтот за истражување на пазарот на труд, пренесува агенцијата Хина.

Во текот на минатата година е забележан пад на бројот на работни часови за 4,7% во однос на 2019 година, па на крајот на 2020 година изнесувал 59,64 милијарди работни часови, што е најмала вредност во последните 30 години. Минатата година поради пандемијата намален е и вкупниот број на вработени и тоа првпат во последните 16 години.

Во Германија на крајот на минатата година вкупно беа вработени 44,8 милиони луѓе, што е за 1,1% помалку одошто во 2019 година.

Падот на бројот на работни часови најмногу се поврзува со мерките за воведување скратено работно време во производните дејност во текот на строгиот карантин пролетта и од ноември минатата година. Со скратено работно време лани биле опфатени 2,9 милиони вработени, што е скоро трипати повеќе одошто во кризната 2009-та година.

Фото: Pexels