Германија ја очекува колапс како во Британија? “ Недостасуваат возачи, платите се прениски“

216

Возачите на камиони во Германија заработуваат под просекот, што дополнително може да предизвика недостаток на шпедитери, објави во вторникот германскиот завод за статистика.

Според најновите податоци, квалификуваните возачи на камиони со полно работно време и вработените на неограничено заработуваат во просек по 14,21 евра бруто на час. Возачите без стручно училиште заработуваат 12,91 евра на час.

Ова е значително пониско во споредба со остатокот од пазарот на трудот во Германија, каде квалификуваните работници заработуваат во просек 19,97 евра на час.

Просечната бруто плата на обучен возач на камион изнесува 2.623 евра додека во остатокот од економијата платата за работниците со квалификации е 3.286 (бруто).

Професионалното здружение на возачи на камиони BGL предупредува дека во Германија во следните две години може да дојде до сличен колапс во шпедицијата како што беше случај неодамна во Обединетото Кралство.

„Веќе денес, на Германија и недостасуваат 60 до 80 илјади професионални возачи. Годишно се пензионираат 30.000 возачи и доаѓаат само 15.000 од оние што штотуку влегуваат во оваа професија“, стои во соопштението на BGL.

Дирк Енгелхард од BGL верува дека она што се случува сега во Велика Британија доаѓа во Западна Европа, но со „помало временско задоцнување“.

„Брегзит“ само го забрза овој процес во Велика Британија. Одиме кон колапс во секторот логистика и снабдување “, рече Енгелхард.

Во Обединетото Кралство, „Брегзит“ доведе до колапс на понудата поради недостаток на возачи на камиони.