Германија ја тргна Македонија од листата на ризични земји поради Ковид-19

61

Денес Германија ја отстрани Северна Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, од “црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.
Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекции со коронавирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар .

Покрај Македонија, од Западен Балкан, се симнати од црвената листа и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои повеќе не се третираат како ризични земји.

Новите правила за патување ќе важат од утре.

Прогласувањето на земјите од Западен Балкан без ризик од страна на РКИ ќе има влијание врз другите земји на ЕУ, пред сè на Австрија, која одлучи да ги утврди своите правила за влез во земјата врз основа на списокот на германскиот институт, пишува Блиц.