Германија ќе даде три милиони вакцини за Западен Балкан

24

Германија ќе им даде три милиони дози вакцини против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел.

“И тоа ќе го сториме што е можно побрзо. Уверена сум дека иднината на Западен Балкан е обединета со Европа“, додаде таа на прес-конференција по Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2021 година, на кој таа беше домаќин, јавуваат британските медиуми.

Меркел во видео порака истакна дека се радува на виртуелниот состанок со којшто ќе ја продолжи работата со шефовите на држави и влади од земјите од Западен Балкан, што беше покренат во 2014 година во рамки на Берлинскиот процес на иницијатива на Германија.

Фото: Pexels