Германија: Милијарди за помош на големите потрошувачи на електрична енергија

29

Германија годишно ќе издвојува четири милијарди евра за субвенционирање на големите потрошувачи на електрична енергија во индустријата.

„Сакаме германската економија да остане дома и да добие перспектива за трансформација“, рече Роберт Хабек, германски министер за економија.

Владата разговара за висината на субвенциите за индустријата, а Хабек рече дека тоа би можело да биде на ниво од шест центи за киловат-час и да покрие 80 отсто од енергијата што ја троши компанијата, пренесува Ројтерс.

За овие субвенции Германија преку Фондот за економска стабилизација (ЕСФ) ќе издвои вкупно меѓу 25 и 30 милијарди евра, а тие ќе траат до 2030 година.

Германското Министерство за финансии не се согласува со овој план, а го критикуваше и Клеменс Фуест, претседател на престижниот економски институт ИФО.

Фуест смета дека планот на германската влада да користи субвенции за да ја задржи цената на енергијата ниска за индустријата само ќе ја зголеми потрошувачката.