Германија минатата година извезла оружје во вредност од 12,2 милијарди евра

26

Минатата година германската влада издаде дозвола за извоз на оружје во вредност од 12,2 милијарди евра, од кои повеќе од една третина е извезена во Украина, соопшти германското Министерство за економија.
Споредено со 2022 година, вредноста на оружјето за кое Владата издала дозвола за извоз е зголемена за 46 отсто.

Поточно, во 2023 година е извезено воено оружје во вредност од 6,4 милијарди евра. Останатите 5,8 милијарди се за рачно, спортско и ловечко оружје, како и радарска и комуникациска опрема.

Во рекордната 2021 година извезено е германско оружје во вредност од 9,35 милијарди евра, пренесува Хина.

Во својот коалициски договор, склучен пред руската агресија врз Украина, владата на Олаф Шолц предвиде значително ограничување на извозот на оружје.