Германија: Минимална саатница од јануари 12,41 евра

58

Во средата германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски гарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час. Првиот дел од зголемувањето, на 12,41 евра, стапува на сила во јануари, а вториот на почетокот на 2025 година.

Министерот за труд Хубертус Хајл очекувано го потпиша указот за минимална плата според јунскиот предлог на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата.

Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Претставниците на работниците во комисијата го одбија предлогот и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани.

Од зголемувањето не се задоволни ниту некои политичари од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералната ФДП.

Заменик-шефот на пратеничката група на Зелените, Андреас Аудреч, за агенцијата ДПА изјави дека зголемувањето „не е ништо повеќе од лоша шега“ и оцени дека луѓето кои работат напорна работа заслужуваат повеќе.