Германија минува низ демографска промена и има потреба од масовна миграција

135

Херберт Брекер, експерт за миграциски прашања, признава дека Германија минува низ брза демографска промена, велејќи дека на земјата ѝ требаат повеќе мигранти за да ја неутрализира остарената работна сила, пренесува француски Експрес.

“Ние сме среде демографска промена бидејќи германската работна сила се намали за 340.000 луѓе бидејќи многумина заминаа во пензија во 2019 година“, рече Брекер, кој работи во Институтот за истражување на пазарот на трудот.

Според Брекер, само масовната миграција може да го реши недостигот од работна сила во Германија. Тој ја пофали интеграцијата на мигрантите кои дојдоа во земјата во екот на мигрантската криза во 2015 година.

Се верува дека околу половина од повеќе од милион мигранти кои дошле во Германија за време на мигрантската криза имаат одредена форма на работа. Мигрантите главно нашле работа во рестораните, обезбедувањето и во домовите за пензионери.

Сличен тренд е забележан и во Шведска, која исто така прими голема група мигранти во однос на нејзиното население за време на мигрантската криза.

Берлинскиот Економскиот институт, исто така, објави студија за учеството на мигрантите на пазарот на трудот и забележа некои позитивни страни,  но објави и дека нискоквалификуваните работници сè уште имаат потешкотии на германскиот пазар на трудот, заедно со жените мигранти.

Новите извештаи се спротивни на претходните извештаи, како што е студијата од 2019 година на германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ), според којашто 65% од барателите на азил се невработени. Студијата, исто така, истакна дека од оние кои успеале да најдат вработување, најмалку 20 отсто работеле со кус ангажман, а не со полно работно време.

Други студии, како студијата од 2018 година од експерти на Универзитетот во Базел, тврдат дека масовната миграција може да има краткорочни економски придобивки, но скапо ќе ги чини даночните обврзници на Запад на долг рок.

Фото: Pixabay