Германија мора да ја подигне минималната плата на ниво на Европската унија

Во 2026 година, Германија треба да ја зголеми минималната плата за околу 17 отсто за да ја усогласи сумата со регулативите на Европската унија, предупреди во понеделникот министерот за труд Хубертус Хајл.

Во јуни минатата година, пишува Хина, тамошната комисија за минимална плата ја зголеми сумата за 18,7 отсто, на 12,41 евро на час, посочувајќи во образложението највисока инфлација откако заводот за статистика ги следи податоците и прогнозите за умерено закрепнување на економијата.

Во 2025 година сумата треба да се зголеми за само 3,3 отсто, на 12,82 евра на час, утврди комисијата.

Одлуката предизвика бран жестоки критики бидејќи е донесена исклучиво благодарение на гласот на претседавачот Кристијане Шенфелд, потсетува деловниот весник Handelsblatt. Синдикалците предупредија деказголемувањето не е доволно.

Во понеделникот им се придружи и министерот за труд кој предупреди дека сумата не е во согласност со директивите на ЕУ.

„Последното зголемување беше прескромно“ и треба да се коригира, изјави министерот Хејл во понеделникот во емисијата „Моргенмагазин“ на АРД.

Комисијата мора да ја почитува директивата на ЕУ, според која минималната плата за вработените со полно работно време мора да биде најмалку 60 отсто од просечната плата, нагласи Хејл.

Германската конфедерација на синдикати пресметала дека, според таа одредба, треба да изнесува 15,27 евра на час.

Министерот Хејл смета дека од 2026 година треба да изнесува околу 15 евра.

Комисијата кон средината на следната година ќе ја утврди сумата за 2026 година.