Германија:Недвижен имот повеќе не може да се плаќа во готово

168

Новиот германски закон за санкции II (SDG) стапува на сила на 1 јануари 2023 година.

Законот беше усвоен на крајот на мај 2022 година. Тоа беше одобрено од германската влада, а ќе влијае меѓу другото и на готовинските плаќања во некои области, пренесува Пословни дневник.

Законот предвидува дека недвижен имот повеќе не може да се плаќа во готово. Ова вклучува земјиште, куќи или станови. Според SDG II, забраната се однесува и на криптовалутите и некои стоки. Тој првенствено е создаден, според властите, за подобра борба против финансискиот криминал во Германија и перењето пари.

Во ноември 2022 година, сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер повика на нови правила за поголемите трансфери во готово и побара горна граница од 10.000 евра за готовинско плаќање.

„Купувањето накит или часовници во готово за 30.000 евра наскоро треба да стане минато“ – исткнува Фезер.