Германија непотребно исплаќа помош од 10 милијарди евра на мали претпријатија

56

Германија за мали претпријатија, на име помош поради мерките против пандемијата, исплати над 10 милијарди евра повеќе од она што било потребно, покажува анализата на Германскиот економски институт, пренесуваат тамошните медиуми.

Повикувајќи се на податоци на Централната банка на Германија, институтот пресметал дека малите претпријатија коишто примаат државна помош, најголем дел од угостителската дејност, во многу случаи земаат многу повеќе одошто кога би работеле во нормални услови.

“Кај погодените секторите повеќе од половина од трошоците се варијабилни, што значи дека тие трошоци ги нема кога објектот е затворен. И покрај тоа, државата исплата 75% од прометот остварен во истите месеци лани“, стои во анализата.

Институтот заклучува дека така една третина од 30 милијарди евра, што се предвидени за помош на мали претпријатија, во ноември и декември, ќе бидат непотребно исплатени.

И други специјализирани економски организации барале малите претпријатија наместо директна финансиска помош, да добијат одредени даночни олеснувања.

Фото: Freepik