Германија планира да ги заостри правилата за компаниите зависни од Кина?

96

Германското Министерство за надворешни работи наводно планира да ги заостри правилата за компаниите со длабока изложеност на Кина, принудувајќи ги да откриваат повеќе информации и евентуално да спроведат стрес-тестови за геополитичките ризици, се вели во доверлив нацрт-документ што го видел Ројтерс.

Се вели дека предложените мерки се дел од новата деловна стратегија кон Кина, подготвена од владата на канцеларот Олаф Шолц во обид да ја намали нејзината зависност од азиската економска суперсила.

Останатите министерства допрва треба да се согласат со нацртот, кој го подготви Министерството за надворешни работи на чело со Аналена Бурбок.

Конечната одлука се очекува на почетокот на следната година.

Кина стана единствениот најголем трговски партнер на Германија во 2016 година. Сепак, тој однос е под лупа по започнувањето на „специјалната воена операција во Русија“ која стави крај на деценискиот енергетски однос со Москва, предизвикувајќи голем број компании да ги напуштат своите локални бизниси.

– Не смееме повторно да правиме вакви грешки. Ова е одговорност на компаниите и политичарите – се вели во документот.