Германија планира во јуни да ги отвори границите

94

Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни. Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц имале телефонски разговор. Од кабинетот на канцеларот Курц потврдија дека разговарале, но не се соопштени детали.

Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави “двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот.

Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот режим да продолжат на неодредено време. Според неа, владата ќе разгледа понатамошни чекори кон отворање на границите.

Според Bild, отворањето на границите ќе се одвива постепено, а граничните контроли ќе се вршат на случаен примерок. Од 15-ти јуни, границите би можеле во целост да бидат отворени.

Инаку 30% од гостите во Австрија минатата година биле германски туристи.

Фото: Pixabay