Германија сè уште купува руски гас

20

Германија продолжува да купува руски гас од Холандија и Белгија, кои купуваат течен природен гас /LNG/ од Русија, објави германската непрофитна еколошка организација Ургевалд.

Германија добива руски природен гас по регасификацијата на ЛНГ што од Русија пристигнува во Холандија и Белгија, покажаа податоците.

Во текот на 2022 година, рускиот гас сочинуваше шест до 11 отсто од вкупниот гас што Германија го купи од Белгија, која сега е трет најголем снабдувач на природен гас во Германија, без ЛНГ, пренесува Банкар.ме.

Ургевалд наведува дека уделот на рускиот гас во снабдувањето на Белгија би можел дополнително да се зголеми во 2023 година поради зголемувањето на испораките на ЛНГ од Русија до белгиското пристаниште Зебруж.

Во исто време, организацијата не објави никакви конкретни бројки за Холандија.

Ургевалд ја повика германската влада дефинитивно да престане да купува руски гас и да спроведе постепено укинување на употребата на природниот гас до 2035 година.