Германија: Вештачки дрвја во борба против загадувањето и климатските промени

19

Фото: Pixabay

Група германски научници предлагаат вештачки дрвја како решение за аерозагадувањето. Станува збор за систем што функционира на база на вештачка фотосинтеза. Според научниците, оваа технологија би можела да биде и поефикасна од природната.

Системот користи јаглерод диоксид и вода како храна и сончева светлина како извор на енергија. Но, наместо листови и дрвја, произведува производи богати со јаглерод, како на пример, алкохол, пишува Popular science.

Во процесот се употребени специјални сончеви ќелии што апсорбираат сончева енергија и ја носат во “базен“ од јаглерод диоксид растворен во вода.

Научниците предлагаат овие вештачки дрвја да бидат инсталирани во пустини каде што нема дрвја или фарми коишто го апсорбираат јаглерод диоксидот. Системот наместо да го рециклира загреаниот гас, истиот го закопува под земја, овозможувајќи нејзино ладење.

Тимот смета дека вештачка шума со големина на Хаваи, може да “собере“ исто толку јаглерод диоксид колку една природна шума голема колку европскиот континент.

Сепак, цената за спроведување на оваа технологија би била прилично висока, една малечка шума со вештачки лисја би чинела и до 250.000 долари.