
Здружението на градежната индустрија на Германија (ХДБ) објави дека економскиот сектор очекува да загуби околу 10.000 работни места, јавуваат германските медиуми.
Градежната индустрија со години беше столб на германската економија, но поради падот на изградбата на станови, оваа гранка на економијата ја дочека 2024 година во криза и стана проблематична за германската економија, пишува весникот „Билд“.
„Очекуваме дека околу 10.000 работни места ќе мора да бидат укинати во наредните месеци“, рече Тим-Оливер Милер, генерален директор на Здружението на градежната индустрија (ХДБ).
Причина за затворањето на работните места е слабиот промет во градежниот сектор, откако минатата година има пад на продажбата на станови за 12 отсто и посочи дека се очекува продажбата на станбен простор да се намали за уште 12. проценти оваа година.
„Кога повторно ќе започне изградбата на станови, тогаш ќе ни недостига секој квалификуван работник што сега сме во опасност да го изгубиме“, предупреди Милер.











