Германската автомобилска индустрија ја започна 2024 година со пад на приходите и профитот

Германските производители на автомобили забележаа пад на продажбата и профитот во првиот квартал, според истражувањето на консултантската компанија Ersten Young (EY) во средата.

Приходот на германските автомобилски компании во првиот квартал е за 1,7 отсто помал во однос на истиот период лани, а добивката е помала за 25 отсто.

Приходите на Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz изнесуваат 148 милијарди евра, покажува анализата на EY за клучните финансиски показатели на 16 водечки светски производители на автомобили.

Приходите на сите 16 компании, пренесува Хина, се зголемиле на почетокот на годината за 3,9 отсто, на приближно 493 милијарди евра.

Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесуваше околу 33,8 милијарди евра и беше само малку повисока отколку на почетокот на 2023 година.

Што се однесува до јапонските производители, нивниот профит е зголемен за 87 отсто, а приходите за 17 отсто, пред сè благодарение на значително послабиот јен, а со тоа и значително поповолните цени на нивните автомобили за купувачите ширум светот.

Просечната EBIT маржа во групата од 16 најголеми производители беше 7,4 отсто, а јужнокорејската Kia беше најпрофитабилна со маржа од 13,1 отсто.