Германската автомобилска индустрија сè уште е во лошо расположение

Германската автомобилска индустрија сè уште е во лошо расположение, се вели во објавениот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за декември 2023 година.

Германските компании во автомобилската индустрија во декември ја оценија нивната моментална состојба како малку полоша отколку во ноември, бидејќи индексот падна на 9,5 поени од ноемвриските 15,4 поени, според веб-страницата ИФО.

Компаниите сè уште веруваат дека постигнале задоволително ниво на производство во 2023 година, што го потврдуваат и официјалните податоци на германската Федерална управа за моторен сообраќај, според кои во Германија во 2023 година се регистрирани над 2,8 милиони нови возила, седум отсто повеќе од во 2022 година.

„Компаниите во автомобилската индустрија генерално беа малку пооптимисти за изгледите за 2024 година отколку во ноември“, рече Анита Велф, специјалист за ИФО во Центарот за индустриска организација и нови технологии. Показателот кој ги мери очекувањата на германските производители на автомобили благо порасна во декември на минус 39,6 поени од минус 44,3 поени во ноември.