Германската безбедносна служба очекува немири поради инфлацијата и цените на енергијата

79

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, пишуваат германските медиуми.

„Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел од населението се почувствува загрозено од политичките одлуки“, се вели во оценката на БКА, цитирана од весникот Тагесшпигел.

Очекуваме протести и криминални дела како и претходните години, но и блокада на енергетските инфраструктурни објекти“, се наведува во извештајот.

Неодамна, група активисти за климата ја блокираа работата на електрана на јаглен во источна Германија на половина ден.

БКА очекува дека екстремно десничарските сили би можеле да извршат напади и врз политичари, како што беше случајот за време на пандемијата, пренесув SeeBiz.