Видео: Германската централна банка пере пари – буквално

79

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Bundesbank, ги чисти. Оваа година, поради поплавите во јули, тие имаат полни раце работа. 

Имено, експерти во банката перат, сушат и проверуваат банкноти. Во исто време, тие мора да бидат брзи за да не се лепат банкнотите една на друга, пишува Дојче веле.

Оваа година тие имаат полни раце работа бидејќи многу банкноти доаѓаат од поплавените подрачја во западна Германија. Во банката веќе се донесени околу 50 милиони евра. Исчистените банкноти се враќаат на сопственикот, а оваа услуга на централната германска банка е бесплатна.