Германската економија со загуби од 250 милијарди евра и над 16.000 затворени компании

36

Пандемијата од коронавирусот ќе ја чини Германија 50 милијарди евра и тоа само во првиот квартал од 2021 година. Вкупната штета е многу поголема, според пресметките на Институтот за германска економија.

Вкупната загуба на германската држава и граѓаните поради пандемијата на коронавирус досега изнесуваше околу 250 милијарди евра, пресмета Институтот за германска економија од Келн, точно една година по првата блокада што започна на 14 март 2020 година.

Досега повеќе од 16.000 компании прогласија банкрот, а има и 5.000 т.н. “зомби компании“, односно оние без шанса за преживување.

“Корона кризата беше и сè уште е огромен шок за германската економија“, вели Мајкл Хитер, директор на Институтот.

Додава дека пакетите за помош на федералната влада и поволностите со скратено работно време спречија уште полоши последици, но не сите компании биле во можност да ја надминат оваа тешка фаза.

“Се надеваме дека стапката на вакцинација ќе се зголеми за да можат компаниите конечно да планираат повторно и да гледаат кон иднината со поголема самодоверба“, рече Хитер.

Фото: Pixabay