
Според прелиминарните податоци, германската економија стагнирала во третиот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, објави Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Статистичкиот институт потврди дека перформансите од јули до септември останале на нивото од претходниот квартал, со пад на потрошувачката и послаб извоз.
Приватната потрошувачка се намалила за 0,3 проценти на квартално ниво, што статистичарите го припишуваат на зголемената невработеност и претпазливоста на потрошувачите поради економската неизвесност.











