Деловната доверба во Германија забележа пораст во мај на највисоко ниво во последните две години, бидејќи економската активност полека закрепнува од кризата што ја предизвика пандемијата.
Институтот за економски анализи од Минхен објави дека неговиот индекс што ја следи деловната клима во мај се зголеми на 99,2 поени во однос на 96,6 во април, по низата оптимистички податоци и информации за подобро расположение во германските сектори.
“Економската активност полека се буди, очекуваме експанзија по коронавирусот“, рекол Јерг Крамер, главен економист на Commerzbank.
Анкетирани челници на 9.000 компании претходно имале поскромни очекувања за економскиот раст.
Бруто домашниот производ на Германија, во првите три месеци од оваа година, се намали за 1,8%.
Но, со падот на бројот на нови случаи на коронавирус во земјата, ублажување на рестриктивните мерки и забрзана национална кампања за вакцинирање, економистите очекуваат германската економија забрзано да расте во следните месеци.
Фото: Pexels











