Германската економија забави во четвртиот квартал од 2022 година

67

Податоците за економската активност во Германија во последниот квартал од минатата година ги изненадија аналитичарите бидејќи забележаа пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал.

Во претходниот квартал од јули до октомври, германската економија забележа раст од 0,5 отсто по ревидирање на резултатите.

Контракцијата во последните три месеци е резултат пред сè на падот на потрошувачката на домаќинствата поради растот на каматните стапки и високата инфлација.

На годишна основа, во споредба со последните три месеци од 2021 година, германската економија забележа раст од 1,1 отсто, што е најнизок раст на БДП од првиот квартал на 2021 година.

Во четвртиот квартал од минатата година, БДП на Шведска исто така бележи пад и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот период од претходната година.

Економијата на Шведска се намали за 0,6 отсто во последниот квартал, но според прелиминарните резултати, таа порасна за 2,4 отсто во 2022 година.