Германската економија закрепнува со “полна пареа“

49

Германската економија со “полна пареа“ закрепнува од коронакризата, смета германското министерство за економија, нагласувајќи дека изгледите за индустријата и понатаму се позитивни и покрај проблемите со снабдување на репроматеријали.

Активностите бележат благо намалување во неколку индустриски гранки, а тој тренд се очекува да продолжи и во следните месеци.

Изворот на проблемот не е слабата побарувачка, туку намалената понуда, а тука е присутен и скокот на меѓународната побарувачка во изминатите месеци, како и континуираниот раст на домашниот пазар.

Во втората половина од годината се очекува економскиот раст да забрза, а инфлацијата се очекува да се движи околу 3%.

Фото: Pexels