Германската економска активност е под очекувањата поради слабост во индустријата

– Германската економска активност во декември падна на најниско ниво во последните четири месеци, бидејќи индустријата го забележа најслабиот резултат од февруари, покажаа прелиминарните податоци од глобалната агенција S&P објавени денес.

Вредноста на Композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) за декември падна од ноемвриските 52,4 поени на 51,5 поени, но остана над прагот од 50 поени што ја одделува експанзијата од контракцијата.

Стапката на раст во германскиот услужен сектор забави од 53,1 на 52,6 поени, додека дополнително влошување беше забележано во производството, од 48,2 поени на 47,7 поени.