
Деловните очекувања за германската хемиска индустрија нагло се влошија во мај, при што компаниите се жалеа на недостиг, а истовремено најавуваа зголемување на цените и отпуштања, според извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања Ифо со седиште во Минхен.
Вредноста на индексот што го мери расположението на бизнисот во германската хемиска индустрија падна во март од минус 28,6 поени во април на минус 30,2 поени.
Компаниите ја оценија моменталната деловна состојба малку подобро отколку во април, но очекувањата за наредните месеци значително ослабеа.










