Германската влада го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со планови за инвестиции од 126,7 милијарди евра

Германската влада денес го усвои предлог-буџетот за 2026 година, во кој се најавуваат рекордни инвестиции од 126,7 милијарди евра и задолжување од дури 174,3 милијарди евра со цел забрзување на економското закрепнување, модернизација на инфраструктурата и зголемување на трошоците за одбрана.

Нацрт-буџетот, кој е дел од пошироката финансиска рамка до 2029 година, предвидува вкупни трошоци од 520,5 милијарди евра, со акцент на капиталните инвестиции – што за прв пат би ја надминало границата од 100 милијарди евра.

Германија е единствената членка на Г7 која не забележала економски раст од 2023 година, а владата очекува дека ситуацијата би можела да се подобри благодарение на планираните инвестиции.