Германската влада планира да купи удел вреден 300 милиони евра во биофармацевтската компанија CureVac, која развива вакцина за Ковид-19.
“Владата ќе купи 23% акции во CureVac“, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмаер.
Вредноста на CureVac е проценета на 1,3 милијарди евра. Берлин сака да го засили биотехнолошкиот сектор во Германија, но нема да влијае врз деловната стратегија на CureVac.
“Германската сојузна влада одлучи да вложи во таа компанија со голем потенцијал зошто очекува дека ќе го забрза развојот на програмата и ќе осигура средства на CureVac во целост да го развие потенцијалот на својата технологија“, рече министерот.
Фото: Pixabay