
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и министерот за финансии Ларс Клингбаил подготвија даночен пакет во вредност од 46 милијарди евра, со кој владата се обидува да ги врати инвестициските текови и да ја оживее економијата по неколкугодишна стагнација.
Планот вклучува значителни даночни олеснувања за купување нова опрема и електрични возила, а почнувајќи од 2028 година, федералната стапка на данок на добивка од корпорации постепено ќе се намалува од 15 проценти на 10 проценти.
Кога ќе се вклучат просечните локални даноци, вкупното даночно оптоварување во Германија треба да се намали од сегашните 30 на приближно 24 проценти до крајот на деценијата, што ќе биде на ниво на просекот на земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).











