Германски Bayer се спојува со американски Monsanto со договор вреден 66 милијарди долари

25

bayer and monsanto

Германската хемиска и фармацевтска компанија, Bayer, објави дека е потпишан договор за спојување со американската компанија Monsanto, стои во официјалното соопштение.

Bayer ќе плати 128 долари по акција за американската компанија за агрохемија и земјоделска биотехнологија. Со тоа, овој договор ќе биде најголем досега и ќе значи формирање на компанија вредна 66 милијарди долари.

“Оваа трансакција ќе поврзе два различни, но комплементарни бизниси. Од една страна се семињата на Monsanto, а од друга страна е широката лепеза на производи за заштита на растенија на Bayer. Како резултат на тоа, земјоделците ќе имаат повеќе решенија со коишто ќе се задоволат нивните сегашни и идни потреби“, стои во официјалното соопштение.

Bayer произведува различни хемиски производи за заштита на растенија, но е позната и по фармацевтските производи како што е аспиринот.