Германски експерти објавија кога може да заврши пандемијата

216

Пандемијата на коронавирус ќе заврши за шест до девет месеци, животот ќе се врати во нормала во пролетта и сите ограничувања ќе станат непотребни. Ова е најновата експертска проценка на германските лекари.

Oптимизмот во пресрет на уште еден есенски бран на инфекција го пренесоа речиси сите германски медиуми, а веста беше објавена во јавноста преку Rheinische Post.

Прогнозата дека пандемијата Ковид-19 ќе заврши во пролетта 2022 година и дека животот потоа ќе се врати во нормална рамка, шефот на здружението на германски лекари Андреас Гасен се базира на фактот дека стапката на вакцинирани  постојано расте (барем во Германија и повеќето Европските земји) и ќе продолжуваат да растат и во наредните месеци, пренесува Слободна Далмација.

Додадено на ова е високиот процент на луѓе кои го преживеале коронавирусот и се “вооружени“ со уште повисоко ниво на антитела. Гасен тврди дека неговата позиција за крајот на пандемијата ја застапуваат и многу познати германски научници, особено оние во епидемиолошката професија.

“Бројот на инфекции повторно ќе се зголеми на есен, но не гледам голема загриженост во медицинските кругови дека здравствениот систем може да пропадне“, рече Гасен. Неговата проценка е дека бројот на сериозни компликации од оваа болест ќе остане далеку под онаа од минатата зима.