Германски фонд ја купува Adria Airways

45

adria

Adria Airways конечно ќе добие нов сопственик, пишува РТВ Словенија.

Следната недела се очекува да биде одржано Собрание на коешто повторно државата ќе вложи пари во компанијата, а потоа најверојатно ќе се продаде на германскиот фонд 4K Invest.

Овој фонд од Минхен има искуство со авијација, спасувајќи повеќе од 150 слични компании.

Adria Airways минатата година се соочи со голема финансиска загуба што се движи од пет до седум милиони евра.

Според планот, компанијата ќе добие најмалку пет милиони евра, од кои три одат за државата, два за новиот купувач, којшто Adria Airways би ја купил за едно евро. Овој вид на помош во Европската Унија нема да се смета за нелегален, бидејќи е во согласност со условите на пазарот.

Добиените пари ќе бидат наменети за реструктуирање на компанијата.