Германски Фрапорт фаворит за преземање на Аеродром Љубљана

24

letalisce

Словенечкиот државен холдинг (СДХ) започна ексклузивни преговори со германски Фрапорт за преземање на Аеродром Љубљана, јавува Ројтерс.

Фрапорт оперира со аеродромот во Франкфурт, кој е трет најголем аеродром во Европа.

СДХ за Аеродром Љубљана прими четири обврзувчки понуди. Покрај Фрапорт, понуди доставија и Vinci Airports, Gruppo Save и фондот Friedmann Pacific.

Аеродром Љубљана во првиот квартал од оваа година оствари 7,13 милиони евра приходи, што е скоро 6% повеќе отколку во истиот период минатата година и 9% над планираното. Нето добивката во истиот период е зголемена за 5,4%, на 857.000 евра.

Словенија продава 75,5% од акциите во компанијата која управува со аеродромот Љубљана.