Германски Фрапорт го купи Аеродром Љубљана за 234 милиони евра

21

aerodrom ljubljana

Германскиот оператор Фрапорт го купи Аеродром Љубљана за 234 милиони евра. Извршниот директор на Фрапорт, Штефан Шулте, при потпишувањето на договорот за продажба на 75,5% акции што во аеродромот ги имаа државата и некои фондови, вети дека долгорочно ќе работат на неговиот развој.

“Веруваме во иднината на Словенија”, изјави Шулте, јавува 24ur.com.

За уделот од 75,5% Фрапорт ќе плати 177,1 милион евра, што значи дека целата аквизиција ќе чини околу 234,4 милиони евра, односно 61,75 евра по акција.

Фрапорт оперира со аеродромот во Франкфурт, третиот најголем аеродром во Европа и со аеродроми во уште 12 градови.

Словенечкиот државен холдинг претходно за Аеродром Љубљана прими четири обврзувачки понуди. Покрај Фрапорт, понуди доставија и Vinci Airports, Gruppo Save и фондот Friedmann Pacific.