Германски гигант годинава ќе вработи 21.000 лица

167

Германскиот железнички оператор Deutsche Bahn соопшти дека има намера да вработи најмалку 21.000 работници оваа година, вклучувајќи 5.200 приправници.
Државната компанија бара околу 770 диспечери, 740 машиновозачи и околу 740 техничари, изјави за Билд портпаролот на Deutsche Bahn .

„Забележуваме дека конкуренцијата на пазарот на трудот се интензивира, па ќе обучиме и квалификуваме уште повеќе луѓе“, рече членот на управниот одбор на Deutsche Bahn, Мартин Зајлер.

Портпаролот на компанијата ги потврди бројките за ДПА.

Deutsche Bahn минатата година вработи 22.000 работници, но секоја година губи по неколку илјади, најмногу поради пензионирање.

Компанијата има потреба од околу 2.000 нови машиновозачи на локомотиви годишно, велат тие.